Кил го награди Филип Јиха со нов договор

Филип Јиха го продолжи договорот со Кил до 2023 година, како награда за одличните игри што „зебрите“ ги прикажуваа под водство на младиот стратег. Чешкиот стручњак успеа да ја врати бундеслигашката титула во Кил по неколкугодишна пауза, тимот обезбеди и учество на Ф4 турнирот од ЛШ, па јасно е зошто раководството на германскиот гигант не размислуваше многу за да му понуди нов договор, бидејќи стариот истекуваше на крајот од оваа сезона.

„Во последните две години бевме сведоци на огромна посветеност, но и ракометно знаење што Јиха го покажува и во тренерската работа. Продолжуваме заедно по патот што го зацртавме, се уште имаме високи цели пред себе и убедени сме дека Филип е вистинскиот тренер за нашиот клуб“, изјави менаџинг-директорот на Кил, Виктор Шилаги.

Филип Јиха и најдобрите моменти во играчката кариера ги мина во дресот на Кил, клуб со кој освои седум титули во Бундес-лигата и две во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...