Кил го претстави Сагосен: Дојдов во најголемиот клуб во светот

Преселбата на Сандер Сагосен од ПСЖ во Кил е најзвучниот трансфер во ракометна Европа летово, а норвешкиот ас максимално мотивиран го дочекува новиот предизвик во кариерата. Во интервјуто за официјалната веб-страница за „зебрите“ норвешкиот бек говореше за очекувањата во пресрет на новата сезона.

„Дојдов во најголемиот клуб во светот, актуелниот шампион на Германија, така што е нормално да има големи очекувања. Верувам во себе, во своите квалитети, како и во силата на Кил. Задржан е речиси целиот тим од лани, така што со право очекуваме многу трофеи во следната сезона. Знам дека нема да биде лесно, ќе треба да се адаптирам на стилот во Бундес-лигата, но јас отсекогаш сум сонувал да играм во оваа земја“, изјави Сагосен.

Норвeшкиот ас во 2017 година дојде од Алборг во редовите на ПСЖ, одлично се снајде како една од „ѕвездите“ на дрим-тимот на францускиот гигант, но не успеа да ја оствари зацртаната цел со овој тим – да се крене трофејот од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...