Кил му се реваншира на Порто со гол за триумф во последните мигови

Германскиот Кил не губи двапати во тесна завршница. Го почувствува тоа Порто на своја кожа на домашен терен, откако загуби со 29-30, со примен гол во последните мигови. Речиси идентично како што победи изминатиот викенд во Германија.

Харалд Рајнкинг беше стрелец на победничкиот погодок за „зебрите“. Јакобсен со девет и Рајнкинд со седум гола беа најпрецизни во тимот на Јиха, а кај Порто по пет гола постигнаа Итуриза и Бланко.

Се вчитува...