Кил потврди: „Птицата селица“ Борко Ристовски – опција за наследник на Волф

Потрагата на Кил по нов голман го доведе германскиот гигант и до Борко Ристовски, откако „зебрите“ потврдија дека Македонецот е интересна опција за наследник на Андреас Волф. Германскиот голман има договор со Кјелце почнувајќи од 2019 година, а раководството на Кил се уште нема донесено одлука кој би му бил партнер на Ландин на голманската позиција.

На официјалната веб-страница на „зебрите“ беше објавено дека по новиот договор на Битер со Штутгарт, сега меѓу главните опции е токму Ристовски. Интересно, Кил го опишува македонскиот интернационалец како „птица селица“, потенцирајќи дека тој во својата 19-годишна професионална кариера променил 13 клуба.

„Засега ситуацијата е иста, Волф има договор до 2019 година, а Кјелце не покажува интерес за предвреме да го ангажира. Затоа и не можеме да повлечеме конкретен чекор. Имаме неколку  опции, да доведеме млад голман или пак некој со богато искуство кој има играно во Бундес-лигата“ – изјави директорот на Кил, Викто Шилаги.

Ристовски го минува последниот месец во Барселона, по истекот на договорот со каталонскиот гигант кој веќе го ангажираше Данецот Мелер како негов наследник. Бенфика покажува сериозен интерес да го доведе Македонецот во своите редови, но јасно е дека интересот на Кил може да ги промени плановите на нашиот интернационалец.

Се вчитува...