Кил преку Вецлар на Миркуловски на чекор до нова титула во Германија

Ракометарите на Кил направија голем чекор кон титулата во германската ракометна Бундеслига откако вечерва на домашен терен го декласираа Вецлар каде помошник тренер е Филип Миркуловски со 38-23.

Фаворитот на овој меч уште од самиот старт почна фуриозно па на полувреме веќе ги имаше решено сите дилеми околу конечниот победник 19-10. До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 38-23.

Во тимот на Вецлар за потсетување го нема Филип Кузмановски кој по тешката повреда која ја заработи во репрезентацијата на Македонија ќе биде долго надвор од терените

Кил со овој триумф на едно коло до крајот има четири бода предност пред Магдебург, но и натпревар помалку. Сепак, доколку и загубат во последното коло од Гепинген избраниците на Филип Јиха само теоретски можат да останат без титулата бидејќи имаат 30 гола подобра гол-разлика од Магдебург.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...