Кил продава брендирани маски – „Шампиони 2020“

Германскиот ракометен клуб Кил е прогласен за шампион за 2020 година со одлука на Ракометната федерација на Германија, а „зебрите“ веднаш почнаа и со брендирани производи со клупското лого. Покрај редовните маици и шалови, сега во продажба се и маски за заштита од коронавирусот кои се брендирани – „Кил германски шампион 2020“.

Кил ја освои 21. титула во историјата иако оваа сезона не се доигра до самиот крај. Но, најтрофејниот германски ракометен клуб е прогласен за шампион откако оствари 22 победи на 26 натпревари и се наоѓаше на водечката позиција на табелата.

Се вчитува...