Кил сигурен против Мешков Брест, реми на Монпелје и Пик Сегед

Кил стигна до сигурен триумф на гостувањето кај Мешков Брест со 30-33 во премиерниот натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Германците уште од самиот старт го контролираа натпреварот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да стигне до победа. Никлас Екберг со 11 гола беше убедливи најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај Белорусите одличен беше поранешниот вардарец, Стаж Скубе со шест гола.

Монпелје во крајно интересен натпревар одигра реми со Пик Сегед 29-29. Двете екипи си поделија по едно полувреме, откако првото им припадна на гостите со еден гол, додека второто на домаќините. Себастијан Фримел од Пик Сегед заврши со осум гола, додека кај Монпелје дури седум играчи постигнаа по три гола.

 

 

 

Се вчитува...