Актуелниот европски шампион Кил стигна до убедлива победа на гостувањето кај Пик Сегед од 28-33 во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Германците одиграа неверојатно прво полувреме во кое на противникот успеаја да му дадат 21 гол и на пауза да заминат со предност од 13-21. Во вториот дел само го исконтролираа мечот за конечен триумф од 28-33.
Сандер Сагосен со осум гола беше најдобар поединец во таборот на Кил, додека кај Унгарците Богдан Радивојевиќ заврши со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА