Кил убедлив со Загреб, Алборг ја доби драмата со Мешков

Алборг по тешка борба успеа да стигне до триумф на домашен терен над Мешков Брест (34-33) во четвртото коло од Лигата на Шампионите. Првото полувреме мина во израмнета битка и заврши 18-18, Данците потоа презедоа контрола во вториот дел, но Мешков успеа да се врати и да го одведе мечот во неизвесна завршница. Европскиот вицепрвак на крајот сепак успеа да стигне до цел плен. Клар беше најдобар стрелец на Алборг со осум гола, по седум постигнаа Бјорнсен и Бартхолд, додека најефикасен кај гостите од Белорусија беше Бонефон со осум поодоци.

Кил рутински ја одработе задачата на домашен терен против Загреб, славејќи со убедливи 36-28. Гостите од Хрватска солидно парираа во првото полувреме што „зебрите“ го добија со 18-16, за потоа Кил целосно да ја преземе контролата и да стигне до планирани бодови.

Рајнкинд ги предводеше стрелците кај германскиот гигант со осум гола, седум постигна Дувњак, а шест пати прецизен беше Сандер Сагосен. Најефикасен во таборот на Загреб беше Иван Чупиќ со шест постинати гола.

Се вчитува...