Кил во големи проблеми – Се повреди Сандер Сагосен

Кил со победа од 36-30 над Ерланген стартуваше во новата сезона во Бундес лигата. Но, и покрај победата стратегот на „зебрите“ Филип Јиха има причина за загриженост бидејќи на мечот повреда заработи првата ѕвезда на тимот Сандер Сагосен.

По извршените детални прегледи беше утврдено дека станува збор за кинење на мускулно влакно, по што на Сагосен му е препорачано целосно мирување во наредните 20 дена.

 Ова е нов проблем за Филип Јиха бидејќи пред почетокот на новата сезона тешка повреда заработи и австрискиот репрезентативец Никола Билик, а во следните триесетина дена надвор од тимот ќе биде и првиот голман Никлас Ландин.

Се вчитува...