Кил во вториот дел го урна отпорот на Елверум

Германски Кил стигна до вториот триумф во новата сезона од Лигата на шампионите, откако славеше на домашен терен над Елверум со 41-36. Норвежаните имаа сила за само едно полувреме во кое во еден атомски ракомет успеаја на полувреме да отидат со нерешен резултат 20-20.

Сепак, во вториот дел разликата во квалитет дојде до израз и Германците стигнаа на крајот и до рутински триумф од 41-36.

Харалд Рајкинд со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените ист број погодоци постигна Јохансон.

Се вчитува...