Килде најдобар во Бивер Крик, Гоџија е „кралица на спустот“ во Лејк Луис

Норвешкиот скијач Андре Омот Килде стигна до победа на спуст трката која се возеше во маериканскиот ски-центар Бивер Крик.

Норвежанецот до победата стигна со време од 1:46.95 минута, што беше за три стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Марко Одермат од Швајцарија. Подиумот го надополни домашниот Тревис Ганонг кој доцнеше 37 стотинки зад времето на победникот.

Софија Гоџија останува „кралица на спустот“ во Лејк Луис, откако по вчерашниот триумф и вечерва беше најбрза на патеката. Таа до победата стигна на убедлив начин со време од 1:48.42 минута што беше за 84 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Брези Џонсон од САД. Третото место и припадна на Корин Сутер од Швајцарија која доцнеше 98 стотинки зад времето на победничката.

Се вчитува...