Килијан Мбапе е нов капитен на Франција

Килијан Мбапе е новиот капитен на француската фудбалска репрезентација. Ова го реши селекторот Дидие Дешамп во пресрет на стартот на новиот циклус квалификации за Европското првенство што следната година ќе се игра во Германија.

Иго Лорис беше капитен на Франција, но откако се прости од репрезентацијата по Светското првенство во Катар, капитенската позиција остана празна. Капитенската лента ја носеше 14 години, од 2008 до 2022 година.

Дешамп го избра Мбапе наместо поискусниот Гризман, поради што има полемики во медиумите во Франција. Со француската репрезентација Мбапе беше светски првак во 2018 година на Светското првенство во Русија, за „триколорите“ одигра 66 натпревари и постигна 36 гола.

Се вчитува...