Килијан Мбапе – МВП на сезоната во Франција

Францускиот репрезентативец и член на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, е избран за МВП играч на сезоната во шампионатот на оваа земја. По минатогодишното признание за најголема надеж, тој отиде чекор понатаму и стана најмладиот фудбалер кој го добил признанието – МВП на сезоната. Во исто време е прогласен за најдобар млад фудбалер на сезоната.

„Среќен сум поради ова признание, но тоа носи и многу поголема одговорност за мене. Можеби ќе останам овде во Париз уште долго, можеби и не, но се чувствувам подготвен да играм на врвно ниво и да освојувам трофеи. Би сакал да се заблагодарам за оваа награда и ветувам дека ќе ја оправдам со добри и многу голови“, изјави Килијан Мбапе.

Тој постигна 31 гол во дресот на „светците“ оваа сезона.

 

Се вчитува...