Килијан Мбапе – „убиецот со детско лице“ го реши Баерн…, Челси со една нога во полуфинале (ВИДЕО)

Во супер-интересен натпревар во четвртфиналето од Лигата на шампионите во Минхен, француски ПСЖ славеше со 2-3 на гостувањето против Баерн, благодарение на „убиецот со детско лице“ – Килијан Мбапе.

Двоецот Мбапе – Нејмар всушност ја донесоа победата за Французите која во голема мера може да значи место во полуфиналето на најквалитетното европско клупско натпреварување. ПСЖ многу брзо, по само 28 минути игра, се стекна со предност од 0-2. Мбапе најпрво погоди уште во 3. минута, на асистенција на Најмар, а Бразилецот повторно асистираше и во 28. минута за Маркињос кој донесе предност од 0-2.


Баерн Минхен се изнапромашува во првиот дел, но успеа Чупо-Мотинг во 37. минута да намали на 1-2.

Во вториот дел Томас Милер во 60. минута израмни за домашните, за да Мбапе во 68. минута, сепак, донесе триумф за својот тим пред реваншот во Париз.


Во вториот денешен четвртфинален дуел, Челси со 0-2 славеше против Порто на дуелот во Севилја, па веќе е со една нога меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите сезонава.

Маунт со голот во 32. минута и Бенјамин Чилвел во 85. минута донесоа триумф за „сините“ кои во Лондон се очекува само рутински да го визираат патот во полуфиналето.


Се вчитува...