Ким Клајстерс се повлече од Синсинати

Белгијската тенисерка Ким Клајстерс поради повреда се повлече од Синсинати турнирот, кој годинава поради пандемијата од коронавирусот ќе се игра на терените на УС опен во Њујорк. Четирикратната грен-слем шампионка не сака да ризикува на десет дена пред почетокот на УС опен и поради тоа реши да го откаже настапот на последниот тест пред американскиот опен.

„Имам прекрасни спомени од турнирот во Синсинати, но тој ќе биде одржан на терените на УС опен во Њујорк. Разочарувачки е тоа што мораше да се повлечам од турнирот, но по разговорот со мојот тим одлучив дека ми е потребно уште време за целосно да се опоравам“, изјави Клајстерс. 

Поранешната прва тенисерка во светот три пати го освојуваше УС опен во 2005, 2009 и 2010 година, а има и една титула од Австралија опен во 2011 година.

Се вчитува...