Кими чекор поблиску до титулата, клупскиот колега ќе стартува како последен на трката во Сингапур

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, на следната трка во Формула 1 шампионатот, која ќе се вози за Големата награда на Сингапур, ќе стартува од последната позиција.

Причина за тоа е менувањето на моторот и пречекорувањето на дозволениот број на промени на погонската единица во текот на сезоната.

Промената на моторот во болидот на Расел е неопходна поради дефектот поради кој не ја заврши трката во Малезија.

Неговиот клупски колега, Кими Антонели, во Малезија го освои второто место и ја зголемите предноста во генералниот пласман пред Расел, кој е второпласиран на дури 84 бодови. Антонели е лидер со 320 бодови, додека Расел има 236, а третопласиран е Луис Хамилтон од Ферари со 214 освоени бодови.

Се вчитува...