Тиквеш без апсолутно никакви проблеми се пласираш во осминафиналето од Куппот на Македонија откако во денешниот дуел со Крошу спорт од Битола тимот од Кавадарци триумфираше со преубедливи 13-0.
Дуелот се одигра во Неготино, а фудбалерите на Тиквеш победникот го решија уште во раната фаза, на одмор заминувајќи со 5-0. Притисокот на кавадарчани не се намали, па тие продолжија со доминацијата во вториот дел, постигнувајќи уште осум погодоци и до врвот полнејќи ја мрежата на гостите.
Лавал и Лукман постигнаа по хет-трик за Тиквеш, двојни стрелци беа Ацковски и Окере, додека по еднаш мрежата на битолчани ја затресоа Сила, Елмас и Спасов.
Тиквеш со овој триумф им се приклучи на екипите на Струга ТЛ, Пелистер, Брера, Македонија ЃП, Вардар, Башкими, Каменица Саса, Брегалница, Шкендија Арачиново, Скопје, Охрид, Беласица и Арсими во следната фаза. Таму е и Силекс кој без борба се пласираше во оваа фаза со оглед дека е освојувач на трофејот, а последниот патник ќе го добиеме на 14. октомври кога се игра дуелот помеѓу Вардар Неготино и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
