Кошмар за Милан: Салемакерс не се враќа до крајот на годинава

Репрезентативната пауза донесе лоша вест за Милан, откако Алексис Салемакерс дозна дека ќе мора да замине на операција поради повредата на скочниот зглоб на десната нога.

Белгискиот ас не настапуваше за репрезентацијата, туку се повреди во тренинг-центарот Миланело на 29 септември. Првите прегледи не покажаа оштетување на лигаментите во зглобот, но откако Салемакерс се жалеше на се поголеми болки следеа нови тестови, кои покажале дека e обновена старата повреда поради која крилниот офанзивец беше опериран додека настапуваше за Рома во 2024 година.

Тој ќе мора повторно да замине „под нож“, а првите прогнози велат дека Салемакерс ќе мора да паузира до крајот на годинава и би можел да се врати кон средината на јануари 2027.

Дополнителна главоболка за тренерот Аморим е повредата на левиот бек Еступињан, кого го очекува повенеделна пауза од терените.

Се вчитува...