МЗТ Скопје по пaуза од десет години се враќа на европската сцена, откако аеродромци решија да се обидат да стигнат до што подобар пласман и во ФИБА Европа купот, покрај вообичаените предизвици за нив – атак на двојната круна на домашната сцена и влез во АБА1.
Откако во претходните европски авантури (последната во 2016) беше дел од Еврокупот, македонскиот првак овојпат реши да биде дел од ФИБА Европа купот, натпреварување од кое лани дел беше екипата на Пелистер.
Првото коло носи интересен дуел, македонскиот шампион на свој терен ќе го пречека составот на Ираклис. Грците можеби се фаворити со оглед на реномето, но нема сомнеж дека МЗТ ќе стори се за победнички да ја стартува оваа европска авантура.
„Очекуваме возбудлив натпревар со гостинот од Солун. Внимателно го следевме формирањето на нивниот ростер и очигледно е дека значајно се засилија со ангажирањето на Хасан Дијара и Донтрес Стајлс – играчи кои имаат зад себе одлични сезони во многу силни натпреварувања. Ќе биде чест да се игра против тренер како Зоран Лукиќ. Неговото искуство и богата кариера гарантираат дека ова ќе биде голем предизвик, кој јас и мојот стручен штаб сме целосно подготвени да го прифатиме. Противникот е искусен и квалитетен, но и ние имаме свои адути. И секако, како и секогаш, со голема помош од трибините, наша крајна цел е – победа“, истакна тренерот Васко Атанасов.
Цената на влезниците за овој натпревар (19 часот, сала Јане Сандански“ изнесува 200 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
