Манчестер јунајтед му фаќа „сеир“ на Роналдо (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед ја искористи репрезентативната пауза за објава на социјалните мрежи која привлече внимание поради можното „прозивање“ на Кристијано Роналдо.

Клубот објави видео од сезоната 2021/2022 во кое Роналдо се откажува од трката по топката, проценувајќи дека додавањето е пресилно.

Иако изгледаше дека топката ќе излезе во аут, неговиот тогашен соиграч Единсон Кавани успеа да стигне до неа и да ја задржи во игра, трчајќи со полна брзина од другиот крај на теренот.

Јунајтед ја пропрати снимката со кратка порака: „Работна етика“.

Се вчитува...