Желбата на НБА-лигата за влез на европскиот пазар и преземање со управувањето на Евролигата како проект „НБА Европа“ сепак нема да оди така лесно како што се надеваа Американците.
Имено, евролигашките клубови на денешниот состанок во Комо едногласно ја одбија понудата што пристигна од другата страна на Атлантико.
Право на глас имаа сите клубови со перманентни лиценци, кои на крајот се согласија дека понудата од НБА не ги задоволува нивните барања.
„Акционерите на клубовите од Евролигата ја одбија понудата од НБА. Дел од нив побара преговорите да продолжат и да добијат нова понуда во наредниот период, но актуелниот обид на НБА беше едногласно одбиен“, пишува грчкиот портал „СДНА“.
Се уште е неизвесно дали НБА ќе тргне во обид за формирање на паралелно натпреварување, или повторно ќе седне на маса со евролигашите и ќе им достави подобри услови од актуелните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
