Дугари: Роналдо можеше да биде великан, но…

Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари упати остри критики кон однесувањето на Кристијано Роналдо. Дугари смета дека егото ја уништува репутацијата на португалскиот фудбалер.

Тој вели дека Роналдо можеше да замине како легенда, а вака само си го оцрнува името…

„Тешко ми е поради сето ова. Тажно е кога покажуваш толку малку почит кон својата земја и сонародниците“, изјави Дугари, кој смета дека однесувањето на Роналдо не е во согласност со имиџот на професионалец и тимски играч што Португалецот го градеше во текот на две децении.

„Тажно е и не се совпаѓа со сликата што ја градеше претходно. Делуваше како нормален човек, како тимски играч и некој што е голем и великодушен. Сега имам впечаток дека се променил, дека егото го нагризува во последните месеци. Можеше да си замине како голем човек, а се уништи. Како може сега да се врати? И што точно би правел?“, рече Французинот. 

Се вчитува...