Гогов: Заедно со нашата публика да стигнеме до први бодови во ЛШ

Двократниот европски шампион Вардар в четврток на домашен терен ќе ја пречека Висла Плоцк во натпревар од третото коло од новата сезона во ракометната Лига на шампиоини.

По воведните два тесни порази само победа е во мислите на целиот тим на македонскиот шампион.

На официјалната прес-конференција пред натпреварот во четврток, капитенот Васил Гогов вели дека со помош на навивачите веруваат дека ќе стигнат до триумф.

„Не очекува тежок меч против силен противник. Се надевам на добар резултат. Имаме добра атмосфера во екипата и ќе дадеме се од себе пред полна сала да се израдуваме на првите поени во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе може да одиграме квалитетна одбрана како на мечот со Охрид“, изјави Гогов. 

Се вчитува...