Објавена е финалната листа од 25 фудбалери кои се номинирани за престижната награда „Златно момче“ за 2026 година, соопшти италијанскиот спортски весник Tутоспорт.
Годинашната селекција носи исклучително силна конкуренција, каде што се издвојуваат имињата на Пау Кубарси, Ворен Заир Емери, Ендрик, Естевао, Лука Вушковиќ и Франко Мастантуоно.
Крајниот збор за тоа кој ќе го понесе престижниот трофеј ќе го има меѓународното жири составено од 50 реномирани европски спортски новинари. Името на новиот освојувач на признанието ќе биде официјално објавено во текот на ноември, додека гламурозната свеченост за доделување на наградата традиционално ќе се одржи во декември во Торино, Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
