Бразилскиот напаѓач Ендрик би можел да го напушти Реал Мадрид веќе во јануарскиот преоден рок, откако италијанските гиганти Милан и Рома почнаа сериозна битка за неговиот потпис.
Иако тренерот Жозе Мурињо летово одлучи да го задржи 20-годишниот фудбалер во тимот, малата минутажа и ретките шанси за игра ја принудија управата на „кралевите“ да ја преиспита одлуката со цел да не се закочи развојот на младиот стрелец.
По првичниот интерес на Рома, во трката сега агресивно се вклучи и Милан. „Росонерите“ имаат сериозни проблеми во офанзивната фаза и во Ендрик гледаат идеален профил кој ќе донесе инстант квалитет и голови на „Сан Сиро“. Клучниот адут на Милан во преговорите се одличните релации меѓу сопствениците на клубот и менаџерската агенција која го застапува Бразилецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
