Продолжуваат натпреварите во сите 6 новоформирани фудбалски региони во Македонија. И во 4. коло новиот клуб од Прилеп ГФК Победа забележа висока победа од 6:0 во локалното дерби против Големо Коњаре и убедливо води на табелата со 12 бода. Што е уште поинтересно на 4 средби прилепските фудбалери постигнаа дури 29 гола, примија само еден. И Победа од Валандово забеже нова четврта победа во дерби мечот со Овче Поле во гости со 1:0, а во предходното коло исто така извојува победа во Пирава против Ударник со 3:2. Четири победи има и Куманово во вториот регион.
Регион 1: Кул Здравје – БВК Коњаре 0:2, Перпарими – Њу Старс 0:6, Илинден – Башкими Љуботен 3:0, Марино – Фортуна 3:4, Студеничани – Ржаничино 4:2, Беса – Аеродром 0:2.
Регион 2: Победа /Тромеѓе/ – Беса 0:0, Речица – Јуниор 2:2, Куманово – Академија Осогово 4:0, Пчиња – Влазними 6:0, Козјак – Ликова 0:2.
Регион 3: Тиверија – Хоризонт 2:10 , Карбинци – Дојранско Езеро 0:4, Слога – Огражден 0:0 , Ударник – Брегалница 5:2, Овче Поле – Победа / Валандово/ 0:1 , Малеш – Каменица Саса 0:0.
Регион 4: Превалец – Млекар 3:0, Питу Гули – Ултрас 2:2, Башкими – Венец 0:0, Вардар – Борец 2:2, Росоман – Победа/Пепелиште/ 4:0, ГФК Победа – Големо Коњаре 6:0, Влазними – Бучим 1:1.
Регион 5: Влазними – Демир Хисар 2:1, Крошу спорт – Влазерими 2:3, Могила – Напредок/К/ 4:0/, Кравари – Баер спорт 2:3, Напредок /Н/- Преспа 0:0.
Регион 6: Дрита-Лирија 2:2, Кораби-Гостивар 1:0, Речица-Скендербеј 3:2, Доброште -Љуботен 3:1, Џепчиште – Вардар 5:0, Јехона – Цетински 3:3. Градец беше слободен.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
