Модриќ: Додека ме сакаат ќе бидам тука за Хрватска

Хрватска доживеа тежок пораз од Англија, а сега ја очекува уште еден тежок дуел, овојпат против Шпанија на домашен терен. По тој повод, пред новинарите се обрати капитенот Лука Модриќ.

И покрај годините, искусниот играч за врска се уште блеска на теренот и успешно се носи со многу помлади противници. Овојпат беше прашан кога би можел да се повлече од репрезентацијата и дали размислува за тоа.

„Сакам да бидам тука и во тешки моменти. Фудбалот не е само убави работи. Играм со гордост. Секојпат кога доаѓам во репрезентацијата, чувствувам среќа и гордост. Се додека се чувствувам така и додека селекторот сака да бидам тука, ќе бидам тука. За мене нема поголема среќа и гордост од тоа да бидам овде со овие момци што ги обожавам. Не можам да давам големи најави. Ќе одиме натпревар по натпревар, па ќе видиме кога ќе дојде времето за заминување. Уживам и среќен сум. Играњето за репрезентацијата целосно ме исполнува. Ќе помогнам во секое време, без разлика дали на теренот или надвор од него“, изјави Модриќ.

Се вчитува...