Хари Кејн донесе одлука за својата иднина

Еден од кандидатите за „Златната топка“, Хари Кејн донесе одлука за својата иднина. По долги преговори, одличниот напаѓач реши да остане во Баерн Минхен.

Неговиот договор со баварскиот гигант истекува на крајот од оваа сезона, а најновите информации од Германија велат дека соработката ќе продолжи до 2029 година. Кејн инсистираше на клаузула за откуп и на тоа Тотенхем да има предност доколку се разговара за евентуален трансфер.

Англичанецот пристигна во Минхен во 2023 година за 95 милиони евра и веројатно претставува еден од најдобрите трансфери во историјата на Баерн. Досега има постигнато неверојатни 152 гола и запишано 34 асистенции.

Тој освои две титули во германското првенство, два Суперкупа и еден германски Куп.

Се вчитува...