Чупиќ: Притисокот е привилегија, се надевам на први бодови во ЛШ

Двократниот европски шампион Вардар в четврток на домашен терен ќе ја пречека Висла Плоцк во натпревар од третото коло од новата сезона во ракометната Лига на шампиоини.

По воведните два тесни порази само победа е во мислите на целиот тим на македонскиот шампион. Тренерот, Иван Чупиќ на денешната прес-конференција ги кажа своите очекувања за натпреварот против полскиот тим.

„Како и секогаш знаеме во каква група сме. Ни доаѓа висла која е во топ 10 тимови во Европа. Екипа која долго време е заедно и која се познава многу добро. Висла полека го презема пиететот најдобар тим во Полска. Ги анализиравме добро и верувам дека со добра енергија и полна сала ќе дојдеме до позитивен резултат и освојување на први бодови сезона. За притисок не можам да зборам бидејќи знаете дека мој став е дека притисокот е привилегија. Не може без тешко денови и без порази дс стигнеш до успех“, изјави Чупиќ.

Се вчитува...