Еден од најдобрите тенисери на денешницата Јаник Синер потврди дека за него е готова тековната 2026 година.
Италијанскиот тенисер го пропушти „Ју-Ес Опен“ и постојано го одложуваше своето враќање, за на крајот да одлучи воопшто да не се враќа на теренот оваа година.
Синер истакна дека размислува за својата кариера на долг рок и дека тоа е причината за таквата одлука.
„Здраво на сите, би сакал да споделам со вас кратка информација за моменталната состојба. Заедно со лекарите одлучивме дека ми е потребен третман на коленото, што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Изминатите неколку години, а особено крајот на сезоната во Торино, ми донесоа многу убави чувства и емоции. Оваа година ќе биде сосема поинаква, но во моментов морам да размислувам за мојата кариера на долг рок. Ќе дадам се од себе за да се вратам во целосна форма. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека наскоро ќе се видиме на теренот“, изјави Јаник Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
