Обидите на Португалската Фудбалска Федерација да ги смири тензиите меѓу Жорге Жезус и Кристијано Роналдо не вродила со плод, откако суперѕвездата јасно ставила до знаење дека нема намера да се врати во репрезентацијата се додека Жезус е селектор.
Челниците на федерацијата во изминатите денови воделле интензивни разговори со Кристијано, обидувајќи се да го убедат да одигра барем уште еден, последен меч за Португалија и да добие испраќање какво што заслужува во татковината. Претходно беше најавувано дека Роналдо покажал расположение за таква разврска, но „CNN Portugal“ денеска објави дека Кристијано ја затворил вратата со јасна порака – ако сакате јас да играм, тоа мора да биде за друг селектор.
За искусниот голгетер нема дилема, неговиот однос со Жезус (со кого лани ја освои титулата во Ал Наср) е целосно нарушен и Кристијано не оставил простор за помирување, макар и за само еден натпревар.
Ваквата одлука се оценува и како притисок врз федерацијата да размисли за селекторска смена, што сепак е малку веројатно ако се земе во предвид победничката серија од стартот на Лигата на Нации, но и поддршката од остатокот од репрезентацијата што Жезус во целиот случај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
