„Вечниот“ Ѓоковиќ до 102. титула во кариерата!

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најдобар светски тенисер на сите времиња откако Србинот блесна во сиот сјај на турнирот во Пекинг, стигнувајќи до титулата во кинеската престолнина.

Тој по долга паууза се врати назад на овој турнир, каде имаше пет трофеи без ниту еден загубен меч. Ѓоковиќ испаѓаше рано на последните два турнири, без превисоки амбиции пристигна во Кина, но ги шокираше ривалите, во четвртфиналето беше подобар од Зверев, во полуфиналето славеше над Медведев, а денеска го доби и големото финале против Де Минор.

Мечот за трофејот траеше еден сет, Ѓоковиќ го доби тајбрејкот, по што најпрвин Новак побара медицински тајмаут, а веднаш по него и противникот.

Австралиецот се упати со фириозтерапевтот кон соблекувалната, за неколку минути подоцна по првичните прегледи да реши да го предаде мечот.

Така, Ѓоковиќ ја продолжи својата доминација во Кина со шестата титула во Пекинг, без ниту еден претрпен трофеј во кариерата на овој турнир.

Се вчитува...