Алкараз ја одбрани круната во Токио

Карлос Алкараз стана само трет тенисер во историјата што две години по ред триумфирал на АТП турнирот во Токио откако во денешното финале славеше над Јиржи Лехечка од Чешка со 2-0 во сетови.

Првиот дел беше максимално израмнет и Алкараз го доби во тајбрејк со 7-6, по што славеше во вториот со 6-4, за својот прв трофеј по февруари, кога Шпанецот се закити со титулата во Доха.

Пред Алкараз, титулата во јапонската метропола ја имаа одбрането само две тениски леегенди и тоа Штефан Едберг кој беше најдобар три години по ред, во 1989, 1990 и 1991 година, како и Пит Сампрас кој го креваше пехарот во 11993 и во 1994 година.

Се вчитува...