Новак Ѓоковиќ испиша историја откако се закити со нов трофеј триумфирајќи на турнирот во Пекинг, каде српскиот тениски великан не знае за пораз.
Тој имаше пет трофеи во низа до пред 11 години, за сега по повеќе од една деценија да се врати – и повторно да се закити со пехарот.
„Последен пат играв овде пред 11 години. Секогаш имам највисоки очекувања од себе, се замислувам со пехарот, особено овде во Пекинг каде што никогаш немам загубено меч. Нормално дека реалноста е поинаква по 11 години пауза, оваа година ми беше предизвикувачка, полна со падови, физички и здравствени проблеми… Знам дека кога сум во ритам можам да играм на највисоко ниво, оваа седмица беше илустрација на тоа. Многу сум горд. Ова ми е 102. трофеј во кариеерата, но исто така е и многу повеќе од трофеј. Ова е знак дека можам се уште да победувам кога е најважно“, изјави Ѓоковиќ.
Србинот испиша историја, прв со 33 победи без ниту еден пораз на еден АТП-турнир, нешто што во женска конкуренција и успеало само на легендарната Моника Селеш.
Исто така, ова беше 21. календарска година во низа во која Новак Ѓоковиќ барем еден трофеј, единствен со вакво достигнување меѓу мажите (19 има Надал), израмнувајќи го рекордот на Мартина Навратилова во женска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
