Барса тргна фуриозно на стартот на новата сезона, но спортскиот директор Деко веќе ги планира следните потези со кои каталонскиот гигантт би можел дополнително да ги засили своите редови.
Позицијата десен бек е нешто што Деко планира да го освежи можеби веќе во јануари, и тоа со Фримпонг од редовите на Ливерпул. Холандскиот ас не се изнаигра во таборот на „црвените“ , сезонава веќе падна во втор план, а информациите од Англија говорат дека Ливерпул е подготвен да даде зелено светло за почетокот на 2027, кога Ираола ќе го има на располагање и Конор Бредли по тешката повреда на зглобот.
„Црвените“ бараат 35 милиони фунти, сума што Барса без проблем би ја платила за да доведе врвен офанзивен бек. Катлаонците имаат план, да го продадан Жил Кунде и на тој начин да отворат простор во ростерот, но и во буџетот за Фримпонг.
Францускиот дефанзивец може да игра како десен бек или во срцето на одбраната, Челси покажува сериозен интерес и веќе подготви понуда од 50 милиони фунти, па јасно е зошто Деко се подготвува за активности и во јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
