Чимаев му нуди на шампионот милион долари од свој џеб за повторно да се борат на или надвор од октагонот

Една од најголемите ѕвезди во УФЦ организацијата, Хамзат Чимаев по секоја цена сака борба со шампионот во средна категорија, Шон Стрикленд.

Чимаев кој ја загуби титулата од Стрикленд, јавно го предизвика шампионот и понуди милион долари за нова борба, притоа порачувајќи му дека не е важно дали таа ќе се одржи во рамки на УФЦ или не.

„Ќе ти платам милион долари. Испрати ми ја локацијата и ајде да се бориме. Не ми е грижа дали ќе биде во или надвор од октагонот“, му порача преку социјалните медиуми, Чимаев на Стрикленд.

 

 

Тие двајца се бореа на УФЦ 328 кога Чимаев за првпат ја бранеше титулата во средна категорија, но Стрикленд по пет рунди славеше со поделена одлука на судиите 48:47,47:48,48:47.

Ова беше прв пораз за Чимаев во професионалната ММА кариера.

Се вчитува...