Македонскиот тенисер, Калин Ивановски, го заврши настапот на Челинџер турнирот кој се одржува во Палермо откако на стартот, во првото коло е поразен од петтиот носител, Алехандро Моро Кањас. Шпанецот по 110 минути игра беше подобар од Ивановски во два сета и тоа со 6:2,6:3.
Во првиот сет, Моро Кањас успеа да направи два брејка, во четвртиот и осмиот гем за убедливи 6:2.
Во вториот сет во првите два гема беа најдолги на мечот, а двајцата тенисери не дозволија брејк иако имаше по две такви можности.
Во седмиот гем, при резултат 3:3 во гемови, Ивановски имаше две брејк топки но не успеа да направи брејк, Моро Кањас ги спаси и во следниот гем, Шпанецот го одзеде сервисот на Ивановски по што со рутински сервис во деветтиот гем дојде до триумф од 6:3.
Ивановски претходно успешни ги мина квалификациите откако постигна две победи против домашните тенисери Ла Вела и Арнаболди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
