Кими Раиконен веднаш си најде нов тим во Формула 1

Веќе нема никакви дилеми, Кими Раиконен на крајот од оваа година си заминува од Ферари, а финскиот возач без проблеми си најде и нов ангажман во Формула 1 шампионатот. Заубер е тимот за кој Раиконен ќе настапува во наредната сезона, трансфер што всушност претставува негово враќање во екипата со која ја почна својата авантура во „летечкиот циркус“.

Погодете кој се враќа? Во наредните две години ќе одиме напред со Заубер. Преубаво е чувството да се вратиш онаму од каде што се почнало“ – напиша Раиконен на своите профили на социјалните мрежи.

Челниците на Заубер не го криеја задоволството од потписот со шампионот од 2007 година.

Во својата кариера Кими Раиконен има 20 победи и 100 подиуми, ние сме горди што тој станува дел од нашиот проект. Тоа е најава дека во блиска иднина ќе направиме значаен чекор напред“ – изјави тимскиот шеф на Заубер, Фредерик Васур.

Како што веќе беше најавено, наследник на Раиконен во тимот на Ферари ќе биде сегашниот возач на Заубер, Чарлс Леклерк.

Се вчитува...