Кимих: Германско финале на „Вембли“, тоа e сон за сите нас…

Јозуа Кимих беше херојот на Баерн Минхен на синоќешниот реванш против Арсенал, откако десниот бек одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со прецизен удар со глава го матираше Раја, за победничи погодок и тотална еуфорија на „Алијанц Арена“.

Кимих е еден од најкритикуваните фудбалери сезонава, добро познати се неговите недоразбирања со тренерот Тухел, но германскиот репрезентативец уште еднаш покажа големина, играјќи го најдобриот меч кога беше најважно за Баерн.

„Неверојатно беше чувството да се даде победничкиот гол пред нашите навивачи, на еден вака важен натпревар. Ова се моменти во кои треба да се ужива бидејќи навистина сите работевме премногу напорно за да се најдеме во полуфиналето. Пресреќен сум, сега го насочуваме вниманието кон дуелите со Реал Мадрид, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Кимих.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Борусија Дортмунд и ПСЖ, па има сосема реални шанси во финалето на „Вембли“ да се најдат двете германски екипи, исто како што тоа беше случај на англискиот храм на фудбалот во сезоната 2012/13, кога Баерн во драматичен финиш ги совлада „милионерите“ и стигна до трофејот.

„Германско финале на „Вембли“, тоа би било сон за сите нас. Сепак, пред нас се две исклучително тешки средби во полуфиналето за кои треба да се подготвиме“, истакна Кимих.

Се вчитува...