Кин: Со Мо Салах и Арсенал може да ја освои Премиерлигата

Арсенал веќе трета сезона по ред не успеава да ја надмине вицешампионската пречка и конечно да стави крај на долгодишната голгота без освоен трофеј во Премиерлигата. Се чини дека најголемиот проблем на Арсенал е на напаѓачката позиција каде Хесус и Хасверц не ги задоволуваат стандардите.

Според Рој Кин, еден фубалер може да ги реши сите проблеми на Арсенал. Тоа е Мо Салах, одличниот египетски голгетер кој оваа сезона доминира во дресот на Ливерпул и воедно ќе продолжи да го настапува во него во иднина со оглед на тоа што го продолжи договорот на уште две сезони.

„Тој игра од недела во недела, дава голови, асистира. Вака кажано, да го ставите во Арсенал, тие ќе беа шампиони оваа година. Толку е посебен. Мило ми е што го падна договор затоа што сакате врвните играчи да играат во Премиерлигата и тој тоа го заслужува. Тој е специјална претстава и без сомнение добар професионалец, тој го прави бизнисот, па мораа да му дадат договор. Не можеа да му дозволат бесплатно да си замине“, вели Кин.

Се вчитува...