Таму каде што почна се со коронавирусот, сега повторно заживува. Кина наскоро продолжува и со кошаркарската лига, информираа надлежните.
Во Кина почнаа да се враќаат и странските кошаркари, па и поранешните НБА ѕвезди кои традиционално ја продолжуваат кариерата во ЦБА лигата. Меѓу нив и Џереми Лин, поранешната НБА сензација.
Минатата година Лин стана првиот кошаркар од азиско потекло со НБА наслов, освојувајќи ја титулата со Торонто репторс. Но, потоа никој не ги сакаше неговите услуги па 31-годишниот Лин роден во Калифорнија, а со потекло од Тајван, изминатово лето потпиша со Пекинг дакс со кои досега има одлична сезона. Вчера се врати во Кина и следните две недели ќе ги мине во карантина, како и сите кои се враќаат за продолжување на лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА