Кинезите Суи и Хан до златото во спортски двојки во уметничко лизгање

Кинескиот пар Чонг Хан и Венџинг Суи стигнаа до златниот медал на последното натпреварување во уметничко лизгање, спортските двојки на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Домашната двојка до најсјјајното одличје стигна со вкупно 155.47 поени. Сребрениот и бронзениот медал замина во Русија. Второ место беше двојката Владимир Морозов и Евгенија Тарасова кои собраа 239.25 поени, додека третото место го освоија нивните сонародници 237.71 поен.

Медали беа доделени и во боб двосед кај дамите. Златниот медал и припадна на Лаура Нолте, со среброто се закити нејзината сонародничка Мариама Јаманка, додека бронзена беше Американката, Елана Тејлор Мејерс.

Се вчитува...