Кингсли Коман е предодреден за трофеи – 24 години, 20 титули (ФОТО)

Баерн Минхен стигна до шестиот трофеј во Лигата на шамионите откако синоќа во финалето го совлада Пари Сен Жермен со 1-0. Херој за Баварците беше Кинглси Коман кој е предодреден за трофеи во кариерата.

Французинот кој има само 24 години синоќа стигна до неверојатната 20 титула во кариерата. Коман кариерата ја почна токму во Пари Сен Жермен со кој два пати ја освојуваше титулата во Франција, а по еднаш купот и суперкупот. Потоа премина во Јувентус со кој исто така двапати ја освои Серија А, а исто така по еднаш Копа Италија и Суперкупот.

Од 2015 е дел од Баерн со кој веќе пет пати го креваше трофејот во Бундеслигата, по трипати националниот куп и суперкупот, а од синоќа е освојувач и на Лигата на шампионите.

Се вчитува...