Кингсли Коман полесно повреден

Францускиот интернационалец Кингсли Коман заработи повреда на синоќешниот меч против Челси на „Стемфорд бриџ“. Со оглед на неговата непријатна историја со повредите, фановите на Баерн Минхен веднаш се загрижија дали Коман повторно ќе отсуствува долго од терените, но дилемите ги расчисти тренерот Ханси Флик.

„Коман е добро. Се работи за лесно истегнување на мускулот и по петдневна пауза повторно ќе може да се врати на тренинзите. Задоволен сум од изданието и од убедливиот триумф против Челси, мислам дека сосема заслужено победивме. Но, има уште еден меч и мораме да останеме фокусирани“, изјави тренерот на Баерн Минхен.

Германскиот првак славеше на „Стемфорд бриџ“ со убедливи 0-3.

Се вчитува...