Кире, Борко, Столе, Деки… се дружеа со фановите и делеа модни совети во „Ребека“ (ФОТО)

Дел од македонските ракометни репрезентативци, пред утрешниот дуел со Исланд, минаа минути за дружба со своите фанови во продажниот салон на „Ребека накит – Македонија“ во ТЦ Рамстор во Скопје.

Кире Лазаров, Борко Ристовски, Столе Стоилов, Дејан Манасков, Филип Кузмановски, Филип Талески… разменија мислења со своите најголеми поддржувачи и за ракометната игра но и за убавите парчиња накит од салонот на „Ребека – Македонија“, новиот партнер на македонскиот ракомет.

„Каков накит би одбрале нашите ракометни ѕвезди за своите понежни половини? Како е нивниот стил надвор од терените?“, беа дел од темите на разговор со македонските репрезентативците…. Секако, на крајот со желба од една и ветување од другата страна дека утре ќе се извојува и нова победа против Исланд во квалификациите за ЕП 2020.

 

Се вчитува...