Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров се вклучи во борбата со коронавирусот донирајќи финансиски средства за здравствените работници во земјава.
Лазаров донираше средства за набавка на маски со филтри и скафандери за лицата кои работат во здравствениот дом „Гаврило Гаврилски“ во неговиот роден град Свети Николе.
Претходно и капитенот на фудбалската репрезентација Горан Пандев, заедно со останатите репрезентативци, донираа средства за борбата со Ковид-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА