Кире Лазаров е позитивен на коронавирус!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, најверојатно е позитивен на коронавирус. Неговиот клуб Нант утрово објави дека има два нови случаи на заразени ракометари, поради што францускиот вицепрвак беше принуден да го одложи својот меч од Лигата на Шампионите против Целје.

Порталот “20 Minutes” вечерва обелодени дека еден од дваата позитивни случаи и токму најдобриот македонски ракометар. Според истиот извор, покрај него позитивен бил и шпанскиот интернационалец Фигерас.

Според првичните информации, македонскиот „бомбардер“ се чувствува добро и нема симптоми од болеста. Останува Лазаров сега да ја добие што поскоро и борбата со коронавирусот, се со цел македонскиот ас што побрзо да се врати на терените.

Се вчитува...