Кире Лазаров е во „Дрим-тимот“ на 21. век од Лигата на шампионите!

Данскиот ракометар Расмус Бојсен, во времето на спортската пауза поради пандемијата на коронавирусот, продолжува со изборот на најдобрите во изминативе години од новиот век на светската ракометна сцена.

Бојсен го издвои и најдобриот тим од Лигата на шампионите во 21. век, во кој очекувано има место и за најдобриот македонски ракометар – Кире Лазаров, кој во ЛШ играше дури со шест тим, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.

„Нивото на игра, ефектот, годините и влијанието на резултатите на тимот, се главните критериуми на Бојсен околу изборот на најдобриот тим.

А, во најдобрите 7 од Лигата на шампионите во последните 20 години има место и за поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик, како и за Швеѓаневот Калман, Шпанецот Виктор Томас, но и Рутенка, Чепкин и Французинот Никола Карабатиќ.

За најдобар тренер во изминатите 20 години во Лигата на шампионите, Бојсен го избра Талант Душебајев.

Се вчитува...