Кире Лазаров гази во Франција – македонскиот бомбардер во тимот на колото

Кире Лазаров со одличното издание на гостувањето против Ним се најде во идеалниот тим на 12. коло во францускиот шампионат.

Македонскиот капитен постигна девет погодоци и беше најзаслужен што Нант лесно славеше против незгодниот ривал со 26-34, скор што на Лазаров му го обезбеди местото во идеалниот тим за изминатата рунда.

Најдобар голман е Портнер, за дефанзивец на колото е избран Шам, за најдобри крилни ракометари Илиќ и Тисо, пивот број 1 во дванаесеттото коло е шпанскиот интернационалец Фигерас, додека бековското трио го сочинуваат Лазаров, Пранди и Рижо.

Се вчитува...